Нови проблеми за Вил Смит: Шлаканицата ќе го чини кариера

Нови проблеми за Вил Смит: Шлаканицата ќе го чини кариера

пред 3 години

Скандалот кој се случи на доделувањето на оскарите со шлаканицата што Вил Смит му ја удри на Крис Рок, сериозно ќе му наштети на актерот.
По немилиот настан, Вил Смит му се извини на Крис Рок и на јавноста, но и се повлече од Академијата. Но овој потег е симболичен па нема да има последици на неговата филмската кариера.

Актерот ќе има посериозни проблеми доколку се остварат шпекулациите дека агенцијата CAA (Creative Artists Agency) сериозно размислува да ја прекине соработката со Смит.

Наводно, во агенцијата има поделени мислења за ова прашање. Ричард Ловет, еден од најважните луѓе во агенцијата, кој лично го застапува Смит, инсистирал актерот да остане со нив, но има многу што со задоволство би ја прекинале соработката.

Факт што секако не му оди во прилог на Вил Смит е дека CAA набргу ќе ја преземе конкурентската агенција ICM, која го застапува Крис Рок.

Пред неколку години CAA претрпе штета со скандалот за Харви Вајнстин, кој е обвинет за силување. Во еден момент агенцијата дури објави и соопштение во кое се извини. Можно е агенцијата, едноставно, да заклучи дека нема потреба да се ризикува со уште полош ПР.

За потсетување, по скандалот на „Оскарите“, реномираните „Нетфликс“ и „Сони“ ги одложија претстојните проекти со Вил Смит.

Share
Scroll to Top