Новогодишна акција во „Литература“: Пет најпродавани книги во последните пет години за 999 денари

Новогодишна акција во „Литература“: Пет најпродавани книги во последните пет години за 999 денари

пред 2 часа

Ланецот на книжарници „Литература“ промовираше новогодишна акција „5 најпродавани книги во изминатите 5 години за само 999 ден”.

Се работи за петте последни книги од авторот на бестселери Зоран Спасов Sоф.

„Тито – мојот претпоследен херој”, издадена во 2020 година. Роман, историска фикција за Јосип Броз Тито, каде доживотниот претседател на Југославија му ги раскажува сите свои тајни на еден лекар од Скопје.

„Торонто Експрес”, издадена во 2021 година. Урнебесно хумористично четиво за сите кои планираат да „здимат” од оваа држава и за оние кои веќе имаат „здимено”. Книга по која е направена истоимената претстава што веќе четири години се игра во МНТ.

„Џабе живиш у Скопје”, издадена во 2022 година. Заебантски речник на стари, изумрени и подзаборавени скопски штосови, фрази, доскочици и фори.

„Цепај сине”, издадена во 2023 година. Зборник на афоризми, наменет исклучиво за луѓе со високо развиено духовито чувство за осет, како и одличен сенс за филинг.

И јас сум Сирма”, издадена во 2024 година. Лектира, историска читанка и Оче наш на секој Македонец во која хероината Сирма Војвода патува низ времето и е сведок на многу настани од нашата историја. Роман што ќе ве натера да плачете и да се смеете на глас, но и да почувствувате болка, љубов и радост.

Акцијата организаторите велат дека е можност да подарите вреден подарок по цена од „едно кафе = една книга”.

Share
Scroll to Top