Нов Зеланд првпат освои злато на Зимски олимписки игри

Нов Зеланд првпат освои злато на Зимски олимписки игри

пред 3 години

Сноубордерката Зои Садовски-Синот (22) од Нов Зеланд го освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, во дисциплината слоупстајл. Таа ѝ го донесе првото историско злато на својата земја. Таа одлично се снајде во финалната рунда од натпреварувањето (92,88 бодови). Второто место ѝ припадна Американката Џулија Марино со 87,68 поени, додека Австралијката Тес Коуди со освоени 84,15 поени доби бронзен медал.

„Ова што се случи е нереално. Исклучително сум горда на сето она што е зад мене и сум горда Новозеланѓанка. Верувам дека и на мене се горди сите Новозеланѓани. Се надевам дека сега лудо се слави овој медал“, изјави по вкупната понуда Садовски-Синот.

Share
Scroll to Top