Норвежанец двапати се качил во авион без билет, вториот пат одлетал за Шведска

Норвежанец двапати се качил во авион без билет, вториот пат одлетал за Шведска

пред 5 месеци






Норвешки патник успеал да се качи на авион на аеродромот во Минхен два дена по ред без билет, а вториот пат дури одлетал за Шведска, соопшти полицијата.

39-годишникот за прв пат го поминал обезбедувањето на 4 август на вториот најфреквентен аеродром во Германија – стоел блиску до друг патник и поминал со него без да го скенира билетот, пишува весникот „Билд“.

Тој потоа се лизнал покрај персоналот на авиокомпанијата на портата и влегол во авионот.