Потребни состојки:
150 г нудли
1 лажица маслиново масло
2 чешниња лук
200 г печурки
1 црвена пиперка
1 морков
Подготовка на сосот:
2 лажици соја сос
2 лажички шеќер
1 лажичка сусамово масло
1/2 лажичка мелен ѓумбир
1/2 лажичка ќечап
Начин на подготовка:
Измешајте ги во сад соја сосот, шеќерот, сусамовото масло, ѓумбирот и ќечапот и тргнете ги на страна. Сварете ги нудлите според инструкциите на пакувањето. Исечкајте ги печурките, лукот, пиперката и морковот. Во голем сад ставете ладно маслиновото масло и лук, и загрејте додека лукот не пушти мирис. Потоа додадете ги печурките, пиперката и морковот. Пржете со мешање околу 5 минути. Спојте ги со нудлите и послужете ги.