Обезбедувањето на УС Опен го истера Ѓоковиќ од теренот и не му дозволи да биде со фановите

Обезбедувањето на УС Опен го истера Ѓоковиќ од теренот и не му дозволи да биде со фановите

пред 5 години

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, беше истеран од обезбедувањето на „УС Опен“, по мечот со Данецот Холгер Руне, затоа што сакал да подели неколку автограми на обожавателите во публиката. Обезбедувањето не му дозволи и го упатија кон излезот.

Тој се обиде уште еднаш да им се доближи на навивачите, но, обезбедувањето по вторпат го спречи во тоа. Останува нејасно зошто организаторот на мечот не дозволи Ѓоковиќ да биде со фановите, особено затоа што претходно немаше никаква забрана поради страв од ковидот.

За потсетување, Ѓоковиќ на „Артур Еш“ стадионот, славеше против Руне со 3:1 во сетови.

Share
Scroll to Top