Обидот за атентат врз кралицата Елизабета Втора, остана еден од најголемите мистерии во изминатите 40 години

Обидот за атентат врз кралицата Елизабета Втора, остана еден од најголемите мистерии во изминатите 40 години

пред 2 години

Кралицата Елизабета Втора беше најдолгиот британски монарх, кој пред повеќе од 50 години преживеа и атентат. Овој настан остана еден од најмистериозните во историјата на Британија.

Кралицата имала доста необичен и богат живот, а најголемата нерешена мистерија за време на нејзиното владеење, беше обидот за атентат во близина на Сиднеј.

Кралицата и принцот Филип патуваа за Сиднеј од Оринџ, во рамки на нивната турнеја низ Австралија во 1970 година кога станаа жртви на таканаречениот заговор Lithgow. Кралската двојка тргна со воз преку Сините планини на 29 април 1970 година. На половина пат возот застана.

Тогаш не знаеле, но за влакно избегнале смрт благодарание на бавното движење на возот. Поранешниот детективски надзорник Клиф Мекхарди, рече дека потенцијалните убијци ставиле голем труп преку шините, со надеж дека на тој начин ќе ја превртат локомотивата.

За среќа машиновозачот одма го запрел бавниот воз, пред да стигне до трупот. Возот останал на пругата и не претрпел значителна штета.

„Ако возот се движеше со нормална брзина, би излетал од шините и би се залетал во насипот. Моите истражувања покажаа дека трупецот е намерно поставен на шините“, рече Мекхарди за „Дејли Мејл“ во 2009 година.

Поради темпираниот план, тој се сомнева дека атентатот бил испланиран со помош на инсајдер и дека можеби во него учествувале и симпатизери на Австралиската ирска републиканска војска. Додаде дека целиот обид е сокриен од јавноста и од кралското семејство речиси 40 години.

На тој начин австралиската влада се спасила од срамот. Мекхарди сепак одлучил да ја открие вистината за да помогне во разрешувањето на најголемата нерешена мистерија во неговата кариера.

Иако разбира зошто обидот за атентат се држел во тајност, поранешниот детектив рече дека заташкувањето на обидот за атентат значи дека полицијата никогаш не можела да ги уапси криминалците.

„Никогаш не дојдовме до осомничените, затоа што ако почнавме да ги интервјуираме луѓето, на сите ќе им се чинеше дека зборуваме во загатки затоа што не можевме да им откриеме за што точно се работи истрагата“, рече тој.

За потсетување, кралицата Елизабета Втора почина во Балморал во четвртокот попладнете, соопштија од Бакингемската палата.

 

Share
Scroll to Top