Иако годинава дочекот на новата 2021-та година ќе биде во домашна атмосфера со најблиските, сепак треба да изберете комбинација која ќе направи да се чувствувате празнично. Без разлика дали сте суеверни или не, црвената долна облека е најдобар избор за дочекот на Новата година. Неопходно е внимателно да ја изберете бојата на облеката со која ќе ја пречекате новата година, за да во истата ве следи неизмерна среќа и успеси на секое поле.
Што треба да носите?
Наш совет е да изберете нешто во што ќе се чувствувате убаво и удобно, но и со што ќе го покажете вашиот стил во најдобро светло. Црвената долна облека е еден од најважните обичаи. Според традицијата, во многу земји ваквата провокативна комбинација ви гарантира среќа во љубовта и сексот за следната година.
Доколку изберете бела боја, која се смета за водечка за 2021-та година, тогаш таков ќе биде и вашиот живот во новата година, полн со успеси и неверојатна среќа. Совршен избор се и металните нијанси, како и моќната црна боја, па така веќе се зголемува вашиот избор на гламурозна облека која може да ја носите за пригодата.
Што не треба да носите?
Во изборот на празнична комбинација не заборавајте дека постојат некои правила кои треба да ги почитувате и облека која не треба да ја носите во овој период во годината. Иако во ниту еден случај не треба да избирате облека со животински односно леопардски и змиски шари.
Не треба да носите прекратка облека, освен ако не носите хеланки под нив. Не носите премногу тесна облека. Можеби вашето тело изгледа совршено но по неколку пијалаци и малку храна вашиот стомак може да се подуе и зголеми, па може да се случи да не се чувствувате пријатно.
Заборавете на тексас шорцеви и летни фустани. Освен ако не планирате Нова година да ја поминете во Австралија и ако фустаните не ги носите врз панталони или фармерки.