Во морето модни совети што стилистите и модните експерти редовно ги споделуваат со нас, често има и такви на тема облека што, од повеќе причини, не е соодветна за носење на одредени возрасти.
Американскиот стилист Бред Горески, кој се грижи за стилизирањето на Деми Мур, Џесика Алба и други познати дами, верува дека по 35-годишна возраст, жените прават голема грешка во облекувањето. Според него, премногу се врзуваме за стара облека во нашиот плакар, која сигурно повеќе нема да ја носиме бидејќи стилот на она што сме го носеле пред 10, 15 или повеќе години не ни одговара. Постојат нови модни трендови, па дури и ние сме „нови“.
Важно е редовно да го проверувате вашиот плакар. Прегледајте ги сите парчиња и извадете го она што не сте го носеле со месеци. На овој начин, ќе станете свесни што всушност имате во вашиот плакар и што всушност треба да додадете во вашиот гардеробер. Ќе создадете нов простор за нова облека што совршено ќе ви одговара, вели Бред.
Модната новинарка и колумнистка Александра Шулман, поранешна уредничка во британскиот Vogue, се залага за слобода да се создаде сопствен стил, без оглед на возраста.
И додека многумина од нас се несигурни во врска со својот изглед во различни фази од животот, жените особено стануваат опседнати со митови за тоа што можат, а што не можат да носат. Затоа, започнете со сознанието дека можете да носите што сакате, а потоа одземете од тоа.
Облеката треба да биде нешто во кое уживате, а експериментирањето е дел од уживањето. Не мора да бидете ограничени на клише класици. Безвременското не мора да биде здодевно. Само мора да биде реално. Безвременското облекување се сведува на облека што ја одразува вашата личност. Поентата е и да носите облека што ве прави да се чувствувате добро, а не облека што нужно им се допаѓа на другите, смета Шулман.

А кои се правилата и мислењата кога станува збор за чевли?
Многу едноставно. По 40-годишна возраст, мора да примениме едно важно правило, а тоа е да носиме само чевли што ни се удобни.
Многумина ќе помислат дека ова значи дека веднаш треба да ги отфрлиме потпетиците и да преминеме на анатомски чевли, но секако, тоа не е случај. Едноставно не треба да носиме чевли од кои не болат нозете.
Чевлите со високи потпетици можат да бидат и удобни ако го избереме вистинскиот модел. Постојат жени кои се колнат дека нивните вртоглави платформи се чувствуваат како влечки, а тоа само значи дека нивниот модел има добра потпора за стапалата.






