Фото-кино клуб “Козјак” – Куманово на 2 мај 2022 ги објави добитниците на награди од конкурсот за ФИЛМАЈ фестивал на кратoк филм 2022 – Куманово. Трочленото жири во состав: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“) одлучи да ги додели следниве награди:
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
– награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија оди кај Самир Карахода за режирање на филмот ‘Изместено’ (Косово).
– награда `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија оди кај Владимир Самоиловски за неговата работа во филмот `Северен Пол` (Р С Македонија).
– награда `Козјак` за најдобро сценарио се доделува на Фотис Зампетакис за филмот `Ангелос на Божиќ` (Грција).
– награда за најдобар домашен (македонски) филм се доделува на `Обичната Ели` (режија: Лавинија Софрониевска).
Новосоздадена `ФИЛМАЈ` награда за најдобар краток филм се доделува na `Самa` (Хрватска, во режија на Борна Зидариќ), според заедничка одлука на членови на фото-кино клуб `Козјак` – Куманово.
Дополнително ќе биде објавена цела листа со официјално селектирани филмови кои ќе се прикажат на фестивалската вечер предвидена за 2 јуни 2022.