Огнен Здравковски сними песна на српски јазик и спот во Египет

Огнен Здравковски сними песна на српски јазик и спот во Египет

пред 1 година





Пејачот Огнен Здравковски, сними спот во Египет. Песната е на српски јазик и носи наслов „Километрима“. Песната е на познатиот композитор Сашко Николиќ кој се потпишува како автор на музиката, текстот го напиша Мира Мијатовиќ, додека пак аранжманот е на Аца Крсмановиќ.

Спотот го режираше Гордан Божиновиски. Ова не е прва соработка на Огнен и Сашко, тие предходно соработуваа и за песната „Душа“, а најавија дека ќе ја продолжат соработката. Спотот ќе биде промовиран во Скопје, но и во Белград, а телевизиска премиера ќе има и на телевизите на „Гранд“, каде Огнен е ексклузивец.






Share
Scroll to Top