Ограбена куќата на Том Хенкс и Рита Вилсон, алармот не бил доволен да ги спречи крадците

Ограбена куќата на Том Хенкс и Рита Вилсон, алармот не бил доволен да ги спречи крадците

пред 5 месеци

Непознати крадци го ограбиле домот на Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон.

Имотот кој се наоѓа во Лос Анџелес бил цел на провалници кои и покрај алармот решиле да влезат во домот. Тие наводно го скршиле стаклото за да влезат во гостинската куќа која се наоѓа на имотот и потоа ја ограбиле.

Според ТМЗ, инцидентот се случил „пред неколку недели“ и провалниците не можеле да влезат во главната куќа. Сепак, се уште не се знае какви предмети се украдени. Познато е само дека парот во тој момент не бил дома.

ТМЗ објави дека полицијата го истражува упадот, но засега нема уапсени. Оваа вознемирувачка вест доаѓа речиси една година откако нивниот син Чет (34) исто така беше жртва на кражба. Според полициските извештаи, провалникот ги нападнал полицајците кои пристигнале на местото на настанот, но нивниот син не е повреден.

Инаку, Хенкс и Вилсон се запознале на снимањето на популарната серија „Bosom Buddies“ во 1982 година, а неколку месеци подоцна Хенкс почнал да ја изневерува својата тогашна сопруга Саманта Луис со Вилсон. Хенкс и Вилсон се венчаа во 1988 година, а покрај Чет имаат уште еден син Труман (28).

Share
Scroll to Top