Популарниот српски водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ добија второ заедничко дете, девојче, со што Амиџиќ по третпат стана татко. Радосната вест пристигна денеска, откако Мина се породи во утринските часови, а и таа и бебето се во одлична здравствена состојба.
Бременоста, како и самото породување, двојката успеа да ги сочува далеку од очите на јавноста. Речиси шест месеци Мина не ја откриваше својата состојба, ретко се огласуваше на социјалните мрежи и се посвети на мирно и приватно уживање во овој период.
„Пресреќен сум. Сè помина во најдобар ред. Мина и бебето се чувствуваат одлично. Со нетрпение чекам сите заедно да бидеме дома“, изјави Амиџиќ.