Одложено е доделувањето на „Еми“ наградите поради штрајкот во Холивуд

Одложено е доделувањето на „Еми“ наградите поради штрајкот во Холивуд

пред 10 месеци






Годинешното 75. доделување на „Еми“ наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и глумците во Холивуд.  Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари. Според наводите, сите вклучени во доделувањето на наградите се известени за одложувањето, а се очекува и официјално соопштение. Не е конечно одреден нов датум за доделувањето на наградите.

Холивудските глумци и сценаристи сѐ уште штрајкуваат. Ова е прв ваков штрајк во американската филмска историја по 63 години.






Share
Scroll to Top