Одложен концертот на Масимо во Скопје

Одложен концертот на Масимо во Скопје

пред 2 години

Концертот на хрватскиот пејач Масимо Савиќ, што требаше да се одржи на 29 мај, е откажан од технички причини, откри организаторот „Авалон продукција“. Оттаму велат дека е во прашање опремата што „Дип парпл“ ја носат со себе, но и дека во ноември или декември Масимо ќе одржи два концерта во НОБ.

dobivaj vesti na viber

„За оваа опрема бевме информирани пред два дена и не сме во можност да го организираме концертот на Масимо во Скопје како што беше планирано, еден ден по ‘Дип парпл’. Поради обемот на опремата што ја носат со себе, немаме време бината и опремата да ја адаптираме за нов концерт во недела навечер, како и за потребите на концерт од типот на тој на Масимо“, вели организаторот.

Тие наскоро ќе ги соопштат новите датуми за концертот на Савиќ и додаваат дека парите за купените билети ќе им бидат вратени.

„Сите што имаат набавено онлајн влезници за овој концерт, парите ќе им бидат рефундирани автоматски. Оние кои имаат купено влезници преку продажните места на Авалон, може да направат поврат на средства од истото продажно место од каде што ги купиле влезниците, меѓу 18 и 25 мај“.

Share
Scroll to Top