Од „бјути“ грешки до проширени пори

Од „бјути“ грешки до проширени пори

пред 3 години

Еден од најголемите „бјути“ проблеми, со кои се соочуваат огромен број на жени, секако се проширените пори. Врз типот на кожа дефинитивно влијае генетиката, сепак, повремено самите сме си виновни за проширените пори, затоа што правиме „бјути“ грешки кои кожата не ги простува.

Нестручно стискање на митсерите

Ако имате проблем со митсери, последната работа која би требало да ја направите е самите да ги цедите. Освен тоа никогаш нема да ја извршите работата до крај, ќе им отворите пат на нечистотиите кои ќе предизвикаат инфекција и дополнително ќе ги прошират порите.

Пречесто користење пилинг

Претераниот пилинг ќе го оштети површинскиот слој на кожата и таа, за да се заштити, ќе произведе огромни количини себум кој предизвикува помрсна кожа и попроширени пори. Пилингот на лице треба да се прави еднаш неделно и при тоа не треба да се користат никакви агресивни средства.

Share
Scroll to Top