Од загубена стипендија поради пијанство до почесен докторат: Оскаровецот Роберт Редфорд наполни 85 години

Од загубена стипендија поради пијанство до почесен докторат: Оскаровецот Роберт Редфорд наполни 85 години

пред 3 години

Холивудскиот актер Роберт Редфорд денеска го слави 85. роденден. Во својата долгогодишна, успешна кариера, одиграл бројни улоги на заводник, убиец, новинар, каубој… Секогаш автентичен и поинаков, Редфорд од почетокот на кариерата ја освои светската публика. Четири пати е номиниран за Оскар, а наградата ја доби два пати, од кои едната е почесен Оскар во 2002 година.

Роден е во Санта Моника, Калифорнија како единствен син на Чарлс Роберт Редфорд Постариот и Марта Харт. Има полубрат, Вилијам, кој го добил од татковата страна.

Во 1954 година завршил средно училиште во Лос Анџелес. Добил стипендија за бејзбол играч на Универзитетот во Колорадо, но ја загубил на 18 години, поради пијанство и непристојно однесување. Лошото однесување го поттикнала смртта на неговата мајка, која тешко ја преболел. Откако не успеал да ја врати стипендијата, запишал студии по сликарство на Институтот Прат во Бруклин, а во исто време земал часови за театарски дизајн на Американската академија за драмски уметности во Њујорк. Во 1957 година се откажал од студиите и целата следна година ја поминал сликајќи низ Европа.

Актерската кариера ја започна во доцните 1950ти години, кога се појави во неколку телевизиски серии. Играше и Бродвеј, мала улога во претставата „Висока приказна“ во 1959 година.

Првиот филм на Редфорд е „Воен лов“ (1962), заедно со Сидни Полак и Том Скерит. По ова, почна да добива поголеми улоги: „Буч Касиди и Санденс Кид“, „Сите луѓе на претседателот“, „Шило“, „Сосема природно“, „Девојката што ја сакав“, „Моја Африка“, „Големиот Гетсби“ и многу други.

По глумата се заинтересира и за режијата. Режисер е на филмовите „Обични луѓе“, „Квиз шоу“, „Легендата за багерот Венс“, „Шепнувачот на коњот“, „Милагро“ и „Реката на спомените“. Тој е и продуцент на филмот „Обични луѓе“ за кој доби Оскар за режија во 1981 година, а беше номиниран за режија и на филмот „Квиз шоу“.

Од заработувачката во филмовите „Буч Касиди и Санденс Кид“ и „Спуст Редфорд“, го отвори скијачкиот центар „Тимфевен“ во Прово, Јута, јужно од Парк Сити. Центарот подоцна беше преименуван во „Санденс ресорт“, а кратко потоа, со приходите од филмот на Џереми Џонсон (1972), ги основа филмскиот фестивал Санденс, Институтот Санденс, Каталогот Санденс и Санденс каналот. Фестивалот Санденс низ годините стана најважниот американски фестивал за независни филмови. 

 

Последен пат се појави во улогата на Александар Пирс во филмот „Одмазници: Крај на играта“ во 2019 година, улога што ја играше и една година претходно во „Капетан Америка: Зимскиот војник“.

Редфорд е сопственик и на ресторанот „Зум“, кој се наоѓа на главната улица на поранешниот рударски град Парк Сити. Во 1995 година, Редфорд доби почесен докторат од колеџот Бард. Во декември 2005 година, тој доби награда од Кенеди центар за неговиот придонес во американската култура. Тој е познат поборник за зачувување на животната средина и правата на Индијанците.

Познатиот глумец од 1958 до 1985 година беше во брак со Лола ван Вагенен со која има четири деца: Скот, Шона, Џејмс и Ејми. По разводот беше во врска со бразилската актерка Соња Брага, а потоа и Кејти О’Рир. Тој во 2009 се ожени германската сликарка Сибил Заргас. Актерот има пет внуци.

Share
Scroll to Top