Од класични фустани до модерни дизјани избраа дамите за црвениот тепих на 80-тото доделување на наградите Златен глобус. Во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс се одржа доделување на наградите, а големо внимание привлекоа фустаните и модните изгледи на светските ѕвезди.
Џулија Гарнер и Џена Ортега го привлекоа вниманието со своите тоалети и креациите на Гучи, како и Салма Хајек и Мишел Вилијамс. Овој пат Селена Гомез избра фустан на Валентино, а Маргот Роби се појави во фустан со потпис на Шанел.