Познатиот српски композитор Зоран Симјановиќ, почина од коронавирус на 75 годишна возраст. Симјановиќ беше познат по неговата музика во легендарните филмови: „Специјално образование“, „Мирисот на полските цвеќиња“, „Национална класа“, „Течат деновите на Земјата“, „Се сеќаваш ли, Доли Бел“, „Татко на службен пат“, „Сок од сливи“ , „Маратонците го трчаат по почесниот круг“, „Балкан експрес“, „Вариола вера“, „Тајванска канаста“, „Јагоди во грлото“, „Собирен центар“, „Танго аргентино“ , „Вирџина“, „Беса“, „Буре барут“, „Тито и јас“.
Со музиката за „Сјај во очите“ тој доби награда во Монте Карло, победувајќи го Енио Мориконе. Во 1983 година, заедно со Ив Монтан, стана почесен граѓанин на Валенсија.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Пченка на жар со лимета и сирење
Скопското „Интермецо“, затворено среде журка со Роџер Санчез, оти не се почитувале мерките
Капитенот на одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев стана татко
Џенифер Лав Хјуит чека трето дете
Лечиќ ги покани жртвите на Мика Алексиќ да се префрлат во неговото училиште: Актерската фела згрозена по објавта дека дека двајцата ги силувале своите колешки
Дејвид Бекам ѝ го забрани мобилниот на Викторија