Саксофонистот Ице Атанасовски од Битола, кој долги години свиреше во групата „Модус“, почина од Ковид-19. Музичарот претходно го прележал Ковид-19, но по некое време му се појавиле компликации со здравјето, како резултат на вирусот.
Неговите колеги и пријателите со неверување се простуваат од Атанасовски на социјалните мрежи.
Ице Атанасовски е роден 18 ноември 1978 година во Битола и до пред некоја година беше член и на групата „Модус“.