Од коронавирус пoчина Предраг Живковиќ Тозовац

Од коронавирус пoчина Предраг Живковиќ Тозовац

пред 3 години

Легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац почина од коронавирус на 86-годишна возраст. Тој беше примен во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“ во Белград на 5 март. Тогаш му било регистрирано дека е позитивен на ковид 19.

Пејачот бил приклучен на кислород, а во болница бил примен во сериозна, но стабилна состојба. Тозовац е роден во Кралево во 1936 година, од татко Светозар Тоза Живковиќ, по кого го добил и прекарот и мајката Будимка.

Во октомври 2012 година добил диплома за заслужен граѓанин на градот Кралево. Многумина го сметаат за најголем господин на српската народна музика, а неговите песни и денес се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености, како што се „Ти си ме чекала“, „Очи једне жене“, „Јесен у мом сокаку“, „Лено, Лено Магдалено“ и други.

На почетокот на 2021 година славниот пејач се ожени со Емилија Мима, со која 40 години беа заедно.

Share
Scroll to Top