Славниот дизајнер Албер Елбаз (59), познат по тоа што креираше за Ив Сен Лоран и Ланвин, почина од компликации од коронавирусот. Тој три недели се борел со болеста, а починал во болница во Париз.
Веста за смртта на Елбаз ја потврдија и од компанијата „Ришмонт“ со која тој работеше на создавањето на неговиот сопствен бренд AZ Factory.
Од дизајнерот се простија неколку познати личности, меѓу кои и манекенката и поранешна прва дама на Франција, Карла Бруни-Саркози, и неговата долгогодишна пријателка, колумнистката на „Вог“, Сузи Мекенс.
Елбаз е роден во Мароко, растел во Израел, а се школувал во Франција.