Од корона почина српскиот глумец Лане Гутовиќ, кој за публиката секогаш ќе остане Среќко Шокиќ

Од корона почина српскиот глумец Лане Гутовиќ, кој за публиката секогаш ќе остане Среќко Шоиќ

пред 3 години

Српскиот глумец Милан Лане Гутовиќ почина од корона на 75 години. Тој на 13 август беше примен во болница во Белград поради проблеми со дишењето и тогаш му беше направен тест за корона. Гутовиќ во болница прво беше ставен на кислородна поддршка, но откако му се влошила состојбата, го приклучиле на респиратор.

Откако беше примен во болница, Гутовиќ за српските медиуми рече дека се надева дека ќе оздрави и дека ќе му биде подобро за кратко. Но, состојбата нагло му се влоши пред неколку дена. Колегите му испраќаа пораки со поддршка, а неговите деца тогаш демантираа дека починал, како што пишуваа некои медиуми во Србија.

Гутовиќ ќе остане запаметен по бројните филмски и театарски улоги, но најпознат е по улогата на Среќко Шоиќ. Тој пред два месеца потпиша договор за снимање на нова српска серија, која треба да почне да се снима во септември.

Share
Scroll to Top