Македонскиот фудбалер Ѓорѓе Џонов (30) почина по две години борба со рак на белите дробови.
За неговото лекување подолго време се собираа средства преку донации, бидејќи лекувањето беше во Турција, а чинеше околу 100.000 евра. Во оваа хуманитарна акција беа вклучени спортски и медиумски работници кои постојано апелираа да се соберат потребните средства.
Џонов е роден во Пирава и имаше забележителна кариера. Беше фудбалер на Силекс, Металург, Беласица, а негов последен клуб беше Кожуф од Гевгелија.