Постариот син на Христијан Мицкоски, Јован, е полуматурант. Семејната фотографија од прославата на полуматурата, на социјалните мрежи ја сподели лидерот на ВМРО-ДПНЕ, и откри дека од догодина, неговиот син ќе учи во гимназијата „Орце Николов“.
„Помина како убав сон. Како вчера да беше кога заедно го слушнавме првото училишно ѕвоно, а денес славиме полуматура. Честитки синко. Орце Николов“, напиша тој.
Освен Јован, Мицкоски и неговата сопруга Рози го имаат и петгодишниот син Антони.