Од 14 години одам на психијатар: Дакота Џонсон страда од депресија

Од 14 години одам на психијатар: Дакота Џонсон страда од депресија

пред 3 години

Aмериканската глумица Дакота Џонсон (31), која се прослави со улогата на Анастасија Стил во еротскиот филм „Педесет нијанси сиво“, во интервју првпат раскажа за својата долгогодишна борба со депресијата. Таа откри дека е често депресивна уште од тинејџерските години и првпат отишла на психијатар на 14 години.

„Веројатно ќе морам да одам на терапии до крајот на животот, но тоа е во ред бидејќи да учиш како да бидеш човек, всушност никогаш не престанува. Благодарна сум ѝ на психологијата бидејќи навистина ми помага. Имам среќа што сум опкружена со луѓе што постојано ме поттикнуваат да се отворам, да проникнам во коренот на проблемите и подлабоко да се истражувам самата себеси“, рекла глумицата во шоуто на Дру Баримор.

Дакота додала и дека во текот на целосното затворање поради пандемијата, интензивно се посветила на интернет-третманите за да ја држи под контрола својата депресија.

Актерката, која овие денови го промовира својот најнов филм „Нашиот пријател“, во кој глуми покрај Кејси Афлек и Џејсон Сигел, е ќерка на познатите актери Дон Џонсон и Мелани Грифит.

Таа веќе некое време е во врска со Крис Мартин, пејачот на „Колдплеј“ и поранешен сопруг на Гвинет Палтроу.

Share
Scroll to Top