Оливија Њутн-Џон не сака да се вакцинира против корона иако е во ризична група заради ракот

Оливија Њутн-Џон не сака да се вакцинира против корона иако е во ризична група заради ракот

пред 3 години

Оливија Њутн-Џон (72), ѕвездата на „Брилијантин“ не планира да се вакцинира против коронавирусот, иако е во една од најризичните групи, бидејќи има рак. Таа во интервју за „Хералд сан“, кое го дала заедно со нејзината ќерка Клои Латанзи, вели дека не се плаши од смртоносниот вирус и нема да прими вакцина против Ковид-19.

„Во овој момент не планирам да се вакцинирам. Не сум антиваксер, но за сега тоа не доаѓа предвид“, рекла глумицата и пејачка.

Нејзината ќерка додала дека е против ставањето жива и пестициди во нејзиното тело, а кои ги има во многу вакцини. Таа додала дека луѓето им веруваат на вакцините затоа што лекарите велат дека се безбедни, но дека и таа направила истражување и засега верува дека вакцините не се безбедни како што се претставува во јавноста.

Латанзи, додала и дека вистинскиот лек е она што доаѓа од земјата. Таа има фарма со канабис во Орегон со нејзиниот партнер Џејмс Дрискил, иако нема никакви научни или медицински квалификации, пишува „Индепендент“.

„Ако имав можност да земам билки и растенија како бебе, наместо да ми вбризгуваат токсини, ќе го направев тоа“, рекла ќерката на Оливија.

Share
Scroll to Top