Опра заработи 7 милиони долари од интервјуто со Меган и Хари

Опра заработи 7 милиони долари од интервјуто со Меган и Хари

пред 3 години

Водителката Опра Винфри заработи седум милиони долари од ексклузивното интервју со принцот Хари и Меган Маркл, пишуваат американските медиуми. Интервјуто го реализираше нејзината компанија Harpo Productions, а Опра ги продаде правата за пренесување на интервјуто на станицата „Си-би-ес“ за седум милиони долари.

Во интервјуто, Меган и Хари зборуваа за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство, но и за проблемите на Меган со нејзиниот татко. Меган откри дека размислувала за самоубиство, додека Хари рече дека тој и неговото семејство се чувствувале „заробени“ додека воделе кралски живот.

Според проценките, интервјуто го гледале во живо 17 милиони гледачи. Иако беше емитувано во ударен термин, овој број гледачи се смета дека е исклучително голем, во рангот на преносите на спортски настани.

Share
Scroll to Top