Општина Битола преку инфографик најави реализација на 180 проекти: 62 се завршени, 48 се во реализација

Општина Битола преку инфографик најави реализација на 180 проекти: 62 се завршени, 48 се во реализација

пред 11 часа

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот.

Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од вкупниот број.

Во фаза на реализација се наоѓаат дополнителни 48 проекти, односно 27 проценти, додека за 31 проект, или 17 проценти, веќе е потпишан договор.

Тоа значи дека 141 од вкупно најавените 180 проекти се завршени, се изведуваат или имаат потпишан договор за нивна реализација.

„180 проекти за Битола – градот влегува во нова развојна ера“, се наведува во објавата на Општина Битола.

Преку објавениот преглед, локалната самоуправа го претставува степенот на реализација на проектната програма и активностите насочени кон натамошен развој на Битола.

Share
Scroll to Top