Општина Битола: Со јапонска донација од над 80 илјади евра обновен дел од покривот на „Св. Климент Охридски“

Општина Битола: Со јапонска донација од над 80 илјади евра обновен дел од покривот на „Св. Климент Охридски“

пред 3 часа

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра. Со зафатот се подобруваат условите за престој и работа на учениците и вработените.

Обновата на покривот е значајна за заштитата и одржувањето на училишниот објект, како и за обезбедувањето побезбедна и пофункционална средина за одвивање на наставата.

Од училиштето ја истакнуваат важноста на јапонската донација, посочувајќи дека ваквата поддршка овозможува реализација на инфраструктурни зафати од непосредно значење за училишната заедница.

Поддршката од Амбасадата на Јапонија, заедно со инвестициите на Општина Битола, придонесува за континуирано унапредување на училишната инфраструктура и за подобрување на условите во кои се одвива воспитно-образовниот процес.

На свеченоста по повод завршувањето на реконструкцијата присуствуваше заменик-градоначалничката на Битола, Марина Крстиќ. Настанот беше можност да се одбележи реализацијата на проектот и значењето на соработката во обезбедувањето подобри услови за образование.

Share
Scroll to Top