Општина Битола ќе организира дочек на Нова година пред Офицерски дом со домашни пејачи

Општина Битола ќе организира дочек на Нова година пред Офицерски дом со домашни пејачи

пред 3 години

Во Битола ќе се одржи еднонеделна програма и дочек на Нова година на платото пред Офицерски дом. Во тек е повикот за учесници. Според планот, тие претежно ќе бидат битолчани, додека нема да учевствуваат странски гости. Настанот ќе се одржи во организација на Општина Битола.

Во Битола е повлечена ставката за новогодишно украсување поради енергетската и економската криза во државата. Но во меѓувреме се бараат приватници кои ќе помогнат во украсувањето на Широк Сокак и платото пред Офицерскиот дом.

„Сакавме да организираме програма, да ја тргнеме меланхолијата. Општината ќе издвои 1,2 милион денари само за програмата и техничка поддршка. Тоа се скромни средства и ги замолувме учесниците за разбирање. Ги поканувам сите културни работници, претежно битолчани да ја збогатат таа програма која една недела дена пред Нова година ќе биде во попладневните часови на платото пред Офицерскиот дом. Просторот ќе го украсиме во соработка со приватниот сентор“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Пред пандемијата дочекотот на Новата година во организација на Општината се правеше на плоштадот Магнолија.

Share
Scroll to Top