Покрај ајварот и лутеницата, пинџурот е зимница без која не можеме да ја замислиме зимата. Тоа е јадење кое е изворно наше, македонско, а рецептот за кратко се рашири низ целиот Балкан.
- 1,5 кг. печени пиперки
- 800 гр. печени домати
- 400 мл. густ сок од домат
- 50 гр. лук
- 3-4 дл. масло
- 40 гр. сол
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица оцет
- 2 лути пиперки (по желба)
Подготовка:
Испечете ги доматите и пиперките, а потоа излупете ги. Доматите и лук сомелете ги. Пиперките распарчете ги. Доколку ви е полесно, пиперките можете да ги сомелете наместо да ги распарчувате.
Во тенџере загрејте масло, па додадете ги пиперките.
Пржете ги околу 15-тина минути, а потоа додадете домати и постепено додадете домати. Оставете да крчка на ниска температура околу половина час.
Задолжително често мешајте, затоа што доматот многу се лепи. На крај додадете сол, шеќер и оцет. Оставете да се вари уште некоја минута, а потоа истурете ја смесата во стерилизирани тегли. Оставете да се олади.