Глумицата и Оскаровка Хилари Свонк роди близнаци. Убавата вест ја сподели на „Инстаграм“ со заедничка фотографија.
„Не беше лесно, но вредеше. Среќен Велигден, ви се јавувам од рајот“, рече Свонк која доби голем број коментари и честитки, а меѓу нив имаше и некои од познати колеги.
„Да си благословена драга. Тоа е најчудесното патување кое ќе го имаш. Пресреќна сум за сите вас“, ѝ напиша Шерон Стоун. За потсетување, Свонк близнаците ги доби со сопругот Филип Шнајдер со кого се венчаше во 2018 година.