Остров на Јадранот со само три куќи за уникатен одмор

Остров на Јадранот со само три куќи за уникатен одмор

пред 2 години

Губеша е шармантен остров во заливот Градина во близина на Корчула, чиј пречник е само околу 100 метри. Иако неговото име сугерира дека тоа е место каде што луѓето со лепра биле лекувани и, вистината е дека тоа било летувалиште за богатите Римјани.

dobivaj vesti na viber

И денес на островчето се гледаат остатоци од водоводниот систем и градби од времето на старите Римјани. Во тоа време на островот биле засадени маслинови дрвја, како и ароматични и лековити медитерански билки кои испуштаат прекрасен мирис и му даваат идиличен изглед.

На островчето има само три куќи, од кои две се изнајмуваат, овде ќе имате поголема приватност отколку во другите пренаселени туристички места на Јадранот доколку успеете навреме да ги фатите посакуваните датуми.

Куќите се наоѓаат во непосредна близина на плажа, има две спални соби за максимум четири лица, кујна со мала трпезарија и бања. Секако, тука е и прекрасната тераса со маса, столови и скара, која нуди магичен поглед на околината.

Share
Scroll to Top