Осум лица обвинети за смртта на Марадона

Осум лица обвинети за смртта на Марадона

пред 1 година






Осум лица се обвинети за смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диегто Армандо Марадона. Судењето за неговата смрт ќе започне наскоро, а на обвинителната клупа се очекува да седнат неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов и уште шест здравствени лица.

Нивното обвинение беше покренато минатата година, но подоцна беше обжалено. Обвинетите се дел од групата која се грижеше за Марадона во последните месеци за време на неговата хоспитализација.

За потсетување, Марадона почина во Буенос Аирес на 25 ноември 2020 година по акутен белодробен едем предизвикан од хронична срцева слабост.

 

 





Share
Scroll to Top