Во населбата Карпош 4 вчера се отвори Адреналинскиот парк, на кеј на Вардар. Ова е прв ваков во Скопје. Покрај адреналински дел има игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште. Има нови 80 високоизраснати дрвја како и тревна површина.
Адреналискиот парк ќе го одржува субјектот „Adventure side“ и за рекреација во него ќе се наплаќа посебен билет. За жителите на Карпош кои имаат картичка „Мој Карпош“ влезот е 600 денари, а за жителите од другите општини, цената е 600 денари (за деца од 6 до 16 години) и 800 денари (за возрасни).
Наплатата на билет е од причина што во адреналинскиот дел од паркот има опрема за која е потребна тековна амортизација, а додека се рекреираат граѓаните, ќе бидат придружувани и од обучени инструктори.
Работното време на спортскиот дел од паркот и детското игралиште е од 10 до 23 часот. Сите заинтересирани граѓани слободно можат да ги користат игралиштата за фудбал и одбојка до 16 часот, а за спортување во попладневните часови треба да закажат термин на [email protected] или на телефонскиот број 072/911-135.
Адреналинскиот парк е изграден со грант од ЕУ преку Светска банка во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност, а финансиско учество има и Општината Карпош.