Откажано снимањето на биографскиот филм за Мадона

Откажано снимањето на биографскиот филм за Мадона

пред 2 години

Биографскиот филм за животот на Мадона нема да се снима. Компанијата „Јуниеверзал пикчрс“ која го продуцираше филмот, барем за сега се откажала од снимањето, објави „Варајати“. Мадона работеше на две нацрт-сценарија кои опфаќаат периоди од нејзината кариера и од приватниот живот. Главната улога ја доби Џулија Гарнер, а самата Мадона требаше да го режира својот биографски филм.

Проблемите околу снимањето, наводно, почнале околу новогодишните празници, кога Мадона ја најави светската турнеја со која ќе прослави 40 години јубилеј на сцената, а поради која не може да се посвети и на филмот. Поп-кралицата сака да се фокусира на турнејата оти е најголема во нејзината кариера, а веќе се распродадени концертите во Њујорк, Париз, Лондон и неколку други градови.

Изворите блиски до пејачката за „Варајати“ велат дека иако снимањето на филмот е откажано, таа сепак еден ден планира да направи филм за нејзиниот живот.

Share
Scroll to Top