Откако раскина со трансродовата девојка, Мбапе сега е во врска со манекенка од Белгија

Откако раскина со трансродовата девојка, Мбапе сега е во врска со манекенка од Белгија

пред 2 години

Фудбалерот на ПСЏ, Килијан Мбапе раскина со трансродовата манекенка Инес Рау, и сега е во врска со Роуз Бертрам, модел од Белгија, пишуваат британските таблоиди.

dobivaj vesti na viber

„Бидејќи самиот Мбапе влегува во светот на модата, не е ни чудо што запознал неколку манекенки. Напаѓачот досега романтично го поврзуваа со неколку познати убавици, а најновата е 27-годишната Роуз Бертрам”, пренесуваат странските медиуми.

Двојката наводно е во врска извесно време, а манекенката во текот на летото стави крај на осумгодишната врска со холандскиот репрезентативец Грегори ван дер Вил. Роуз, чиј татко е Белгиец, влезе во светот на манекенството на 13-годишна возраст.

Веста дека Мбапе се бакнува со Инес Рау, првата трансродова манекенка која се појавила на насловната страница на магазинот „Плејбој“ во 2017 година, се појави пред два месеци. Тие беа видени заедно на фестивалот во Кан, а потоа и на јахта, каде беа фотографирани во интимна прегратка. Тие никогаш јавно не ги коментирале наводите за нивната врска.

Share
Scroll to Top