Фолк пејачот Аца Лукас побара да биде отстранета од „Јутјуб“ песната која ја испеа во дует со Јелена Карлеуша „Банкина“. Хитот беше објавен пред четири години и досега имаше повеќе од 32 милиони прегледи.
Сега кога фановите ќе сакаат да го слушнат, добиваат известување дека тој е отстренет на барање на Лукас. За потсетување Лукас и Карлеуша се скараа поради песната на Милица Тодоровиќ, „Проверено“. Иако прва ја отпеа Ана Николиќ, на крајот правата ги купи Милица и ја стави на нејзиниот албум.
Откако Лукас ја објави демо верзијата и ја пофали Николиќ за изведбата, Карлеуша му напиша дека објавувал само глупости и дека се расправал со жени, а тој ѝ врати дека била исфрустирана.
Откако песната излезе во јавност, на социјалните мрежи почна полемика која од пејачките подобро ја извела, а Николиќ минатиот викенд ја испеа и на една свирка во Белград.
Текстописецот Драган Брајовиќ Браја рече дека се работи за фалсификат и дека песната ја напишал за Милица Павловиќ.