Откако се соблече гола Лејди Гага призна дека имала психички проблеми поради улогата во „Гучи“

пред 5 години

Откако позираше гола за насловната страна на „Вог“, пејачката Лејди Гага призна и дека имала психички проблеми поради новата улога во филмот „Гучи“. Таа ја игра главната улога на Петриша Регани.

„Не ја имитирав. Јас навистина станав Патрисиа Регани. Година дена живеев како неа. Девет месеци зборував со италијански акцент. Никогаш не излегов од улогата“, раскажа Гага за „Вог“.

Таа објасни дека во еден момент сватила дека излегувањето од улогата би можело да и падне потешко отколку самото влегување во истата.

„По снимањето прошетав низ улиците на Италија и одеднаш ме фати паника. За момент помислив дека сум повторно на сетот“, рече Гага.

За потсетување, Патрициа Регани (72) која 18 години минала во затвор призна дека не била воодушевена од тоа што нејзиниот лик го глуми Гага и откри дека таа никогаш не дошла ни да ја запознае.

„Не сакав никој да ми зборува за тоа која е Патрисиа, дури ни самата таа“, објасни Гага.

„Династијата Гучи“, на режисерот Ридли Скот ќе почне да се прикаже од следниот месец.

Share
Scroll to Top