Списанието „Форбс“ објави листа од 5 најпотценети балкански градови, помеѓу нив се најде и градот Охрид.
„Форбс“ за овој град пишува дека е град богат со култрно и природно наследство и е одлична дестинација за оние кои сакаат да уживаат во природата.
„Сместен во југозападниот дел на Северна Македонија, Охрид е една од ретките дестинации на светот која служи и како културно и како природно светско наследство на УНЕСКО, благодарение на старите цркви во византиски стил и пространото Охридско езеро со низа автохтони балкански риби и растенија кои се наоѓаат во неговите води. Додека културното наследство на Охрид е секако фасцинантно, оние кои бараат мирно бегство во природа би требало да поминат време истражувајќи го Националниот парк Галичица, прекрасен резерват кој е полн со автохтони балкански птици“, порачуваат од „Форбс“.
Помеѓу останатите градови се Ниш – Србија, Добој – Босна и Херцеговина, Варна – Бугарија, Берат – Албанија.