Охридската библиотека ќе го одбележи денот кога Прличев во Атина ја добил наградата за поемата „Сердарот“

Охридската библиотека ќе го одбележи денот кога Прличев во Атина ја добил наградата за поемата „Сердарот“

пред 2 часа

Утре, среда се навршуваат 166 години откако на 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со поемата „Сердарот“, ја освои првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина и е наречен „Втор Хомер“.

По тој повод НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе го спроведе проектот „Калдрмата шепоти за Прличев“. Во него се вклучени 10 ученци од неколку паралелки од шесто одделение од општинското основно училиште што го носи името на поетот и преродбеник.

-Учениците во Библиотеката најпрво ќе се запознаат со ликот и делото на Прличев а подоцна заедно со мене и уште двајца колеги ќе ја посетат Спомен куќата на Прличев, попатно ќе бидат информирани и за останатите споменици и музеј куќи во стариот дел на Охрид, вели носителот на проектот – библиотекарот Весна Симоновска.

Утре по истиот повод Културниот центар „Култ“ од Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира проекција на документарниот филм „По стапките на Прличев“ работен по сценарио и режија на м-р Милчо Јованоски, а во продукција на Библиотеката.

Документарниот филм има за цел да го прикаже животот и делото на Григор Прличев, како и да го приближи неговото творештво до пошироката публика.

Проекцијата е бесплатна и отворена за сите а ќе почне во 13.30 часот.

Снимањето на документарецот е помогнато од Општина Охрид. Снимател беше Емил Јовановиќ, а пост продукцијата ја работеше Сандра Јовановиќ. За НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид филмот го изработи LOVE & LIFE STUDIO од Охрид.

Текстот Охридската библиотека ќе го одбележи денот кога Прличев во Атина ја добил наградата за поемата „Сердарот“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top