Пандев ја одложи пензијата и потпиша за Џенова до јуни 2022

Пандев ја одложи пензијата и потпиша за Џенова до јуни 2022

пред 3 години

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Горан Пандев (38), го одложи пензионирањето и го продолжи договорот со Џенова до јуни 2022. Тој му се придржи на клубот во 2015 година и таму најдолго се задржа во текот на целата фудбалска кариера.

Тој и претходно најави дека ќе донесе одлука за својата фудбалска иднина по завршувањето на Европското првенство, каде ги одигра последните мечеви за репрезентацијата.

Пандев кариерата ја започна во ФК Беласица од Струмица, каде настапуваше амо една сезона во рамките на Првата македонска фудбалска лига. Потоа играше во Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи и Галатасарај. Тој важи за еден од странските играчи со најдолг стаж во Серија А, каде што на 473 натпревари постигна 101 гол.

Share
Scroll to Top