Владимир Блажев – Панчо, член на музичкото дуо ДНК, почина речиси седум месеци по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што се здоби со тешки изгореници и повреди.
Од болницата „Систина“, каде што се лекуваше и му беа извршени неколку операции, изразија длабоко сочувство до семејството и јавноста.
Панчо е 63. жртва на трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија и неговиот колега Андреј Ѓорѓиевски, Сара Пројковска, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов и Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.