Панчо се налути на ФФМ: Од што лечите фрустрации не најдовте ни за сходно да го поздравите Горан Пандев

Панчо се налути на ФФМ: Од што лечите фрустрации не најдовте ни за сходно да го поздравите Горан Пандев

пред 2 години

Панчо од ДНК, кој важи за голем фудбалски фан, отворено ја критикуваше Фудбалската федерација откако Македонија загуби од Грузија и Бугарија и заврши на третото место во квалификациите за Лигата на нации. Панчо револтиран вели дека и во фудбалот е вмешана политиката, па затоа во репрезентацијата не се викаат докажани фудбалери, а пред една година и Мрме беше сменет од селекторската функција, иако ја однесе репрезентацијата на Европско првенство.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе престанете да мешате политика, кога ќе престанете да менувате успешни селектори, кога ќе престанете да ставате играчи по туѓи наредби и да изоставувате докажани фудбалери (Илија Нестороски) кои играат во многу подобри лиги, кога ќе престанете да си лечите лични фрустрации и задоволувате сопствените ега на штета на сите нас вистински фудбалски фанови и Македонци (тука спаѓаат сите етнички заедници) тогаш ќе го прифатиме секој пораз и од насјлаборангираната репрезентација на светот.

Со лакрдиите што ги направивте ја изгубивте можеби најбитната работа за еден тим, а тоа е хармонијата и хемијата кои се можеби и најважните работи за еден тим да биде успешен. Впрочем, тоа го докажаа на Европското првенство. Толку сте ситни души што не најдовте за сходно да посветите две минути и да го поздравите Горан Пандев, несомнено најдобриот фудбалер во изминативе 20 години, додека цел свет му се поклони за неговиот импакт и придонес на зелениот терен.

Момците не се криви, секогаш ќе бидеме на нивна страна и во лошо кога највеќе сме им потребни и во добро кога на сите ни е убаво, ама вие сè додека тактизирате за лични интерес и репрезентацијата ја третирате како да е ваш сопствен клуб, а не на народот, ќе ве критикуваме. Направивте и таа мала радост да ни ја тргнете за тотално да гледаме црно во и така прецрното секојдневие. Срам да ви е“, вели Панчо.

Share
Scroll to Top