Паркот на револуцијата – Могила добива нов лик: ЈКП Комуналец Прилеп ја започна обновата на клупите

Паркот на револуцијата – Могила добива нов лик: ЈКП Комуналец Прилеп ја започна обновата на клупите

пред 7 часа

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема.

Како дел од редовното одржување на паркот, извршена е замена на искршените и откорнати дрвени штафни на клупите, а во наредниот период ќе се врши и нивно бојадисување.

Од претпријатието посочуваат дека при реализацијата на овие оперативни активности клупите се прописно обележани, но апелираат до посетителите да бидат внимателни и да ги почитуваат поставените ознаки.

„Комуналец“ – Прилеп упатува благодарност до граѓаните за разбирањето и соработката, со цел Паркот на револуцијата – Могила да остане уреден и безбеден простор за рекреација и одмор на сите посетители.

Share
Scroll to Top