Пастелни бои, полн погодок за оваа пролет

Пастелни бои, полн погодок за оваа пролет

пред 3 години

Овие бои ќе бидат во фокус во наредниот период.

Стилот на пејачката Ешли Робертс секој ден е сè подобар, а со последниот аутфит во низа заслужи чиста десетка.

Оваа модна комбинација наиде на воодушевување кај модните критичари и нејзините фанови. Сите се сложија дека изгледа феноменално.

Пастелните бои се одраз на женственост и романтика, а во сезоната која е пред нас ќе бидат апсолутен хит. Овој стајлинг е како создаден за пролетните денови, а освен што изгледа феноменално, плетените фустани се и доста удобни.

Ваквиот фустан можете, како пејачката, да го носите со штикли, но и одлично ќе изгледа и во комбинација со сандали или пак платнени патики.

Share
Scroll to Top