Пендаровски и Вучиќ одиграа партија шах, штета што заврши нерешено

Пендаровски и Вучиќ одиграа партија шах, штета што заврши нерешено

пред 1 година

Двајцата претседатели на Македонија и Србија, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ по прославата на празникот Илинден во Прохор Пчински, Пелинце, одиграа партија шах.

„Пријателска партија шах. Се договоривме да биде нерешено“, напиша Пендаровски, додека Вучиќ напиша „Одигравме добра партија шах“.

Пендаровски и Вучиќ по прославата се качија во владин авион и заминаа во Врање.

„На пат за Врање каде ќе го угостиме како што доликува- со српски специјалитети и нашите најдобри вина. Во меѓувреме ќе посетиме некои од најубавите делови од нашата земја и правиме планови за понатамошно поврзување и развој на нашите сестрински држави и народи. Да живее пријателството“, напиша Вучиќ.

 

 

 

Share
Scroll to Top