Актерката Кели Куоко (36), која се прослави со серијата „Бубалици“, следната година ќе стане мајка. Таа на социјалните мрежи објави дека е бремена и дека со актерот Том Пелфреј чекаат ќерка.
„Девојчето Пелфрej ќе пристигне во 2023 година. Благословени сме и пресреќни. Те сакам Томи“, напиша актерката.
Кели и Том открија дека се во врска во мај, кога објавија заеднички слики на Инстаграм. Брзо потоа се појавија на црвениот тепих на доделувањето на наградите Еми.
„Кога го запознав Том, тоа дефинитивно беше љубов на прв поглед“, кажа Кели во интервју минатиот месец.
Таа пред врската со Том, три години беше во брак со Карл Кук, а претходно три години беше мажена и за Рајан Свитинг.