Перо Антиќ се активира и политички

Перо Антиќ се активира и политички

пред 12 месеци

Кошаркарот Перо Антиќ и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, ја поддржа листата на Српската напредна партија на актуелниот претседател, Александар Вучиќ.

Српската партија ја објави веста на својот профил на социјалната мрежа „Икс“.

„Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска го поддржа списокот `Александар Вучиќ – Србија не смее да запре`. Благодарам легендо“,  пишуваат од партијата.

Антиќ беше главна вест во медимите минатата недела, по информациите дека се степал во скопско кафуле со поранешниот дечко на неговата поранешната девојка – манекенката, Катерина Иванова. Антиќ, подоцна негираше дека учествувал во таков инцидент.

Share
Scroll to Top